Брзај, брзај прваче!

СПОДЕЛЕТЕ

Заѕвони училишното ѕвонче за 20.000 првачиња и 280 илјади основци и средношколци во земјава.

Годинава започна со неколку измени во наставните програми. Имено, од оваа година учениците во пониските одделенија  ќе учат хемија, физика и биологија, предмети што досега беа резервирани за повисоките одделенија. Во тој контекст, Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски ќе ги промовираат новите учебници по предметите “математика“ и “природни науки“ за учениците од прво до трето одделение.

Поради заразната жолтица има препораки учебната година децата да ја започнат со задолжително миење раце, а првата лекција ќе биде токму за хигиената и заштитата од во моментов актуелната жолтица.

 

 

 

- Реклама -