Формата на вашите стапала го открива вашето потекло

СПОДЕЛЕТЕ

На големо има пишувано за тоа дека вашите стапала се показател за вашето здравје, како и за нивната поврзаност со телесните особености и склоности.

Некои од стручњаците одат и чекор-два подалеку, па веруваат дека стапалата имаат поврзаност и со психолошките карактеристики, а некои дури со потеклото. Една од нив е и Џејн Шин. Таа е искусна рефлексологичарка и зад себе има напишано дури три книги на темата.

Според неа, постојат неколку факти што можат да помогнат во откривањето на потеклото, преку стапалата:

Факт 1: Човечкиот геном ги одредува физичките карактеристики како бојата на кожата, косата и очите, обликот на телото и мускулите, но и многу повеќе – тенденција за ќелавење и болестите, на пример.

Факт 2: Човечката морфологија зависи од наследувањето.

Факт 3: Постојат студии кои откриваат уникатни племенски/семејни карактеристики. Така, на пример, кај голем дел од баскиските народи е забележан недостаток на отпечатоци на прстите (адерматоглифија).

Факт 4: Мора да се земат во предвид мешаните бракови. Сите човечки раси се мешаат меѓусебно во последните 500 години. Малку и ретко имаме чиста „лоза“.

Земајќи ги овие нешта во предвид, Шин изработи скица на стапала во однос на народното потекло. Па, самите проверете колку е таа во право:

feet-610x291[1]

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ