Човечката глупост расте со загрижувачко темпо

СПОДЕЛЕТЕ

Можеби и самите забележавте, но еве и доказ дека не сте сами.

Западните научници предупредуваат дека човечката интелигенција се намалува со загрижувачко темпо. Резултатите од тестирањата во последните 10 години покажуваат дека луѓето во Велика Британија, Австралија и Данска се се помалку интелигентни. Универзитетот во Амстердам објави дека IQ-то на жителите е намалено за дури 14 поени, во споредба со викторијанската ера.

1408624676156_wps_5_World_IQ_graph_jpg[1]

ЗА СЕ СЕ ВИНОВНИ ЖЕНИТЕ (што не раѓаат)

Јан де Нијенхујс верува дека објаснувањето треба да се бара во фактот дека интелигентните жени обично имаат помалку деца од оние „не толку паметните“. Во научните кругови постои и мислење дека се работи за пад во генетската основа за интелигенција.

 

ИНТЕЛЕКТУАЛНИОТ ВРВ (веќе се случи)

Една студија спроведена на универзитетот Хартфорд тврди дека што повеќе жители има планетата, луѓето ќе бидат се помалку интелигентни, а во просек IQ-то ќе се намалува за 8 поени годишно, се до 2110-тата. Песимистите од фелата, ова го објаснуваат со едноставниот став дека човештвото веќе го достигнало својот интелектуален врв, т.е. дека сега нашата интелигенција оди по надолен пат.

 

ЗЛАТНОТО ДОБА (во САД)

Помеѓу 1930-тата и 1980-тата, просечниот коефициент на интелигенција во САД пораснал за 3 поени. „Ваквото зголемување на IQ-то се препишува на подобрувањето во исхраната и животните услови“ – вели Џејмс Флин од Универзитетот Отаго. Тестирањата спроведени во 1980-тата и 2008-та јасно покажуваат дека просечните 14-годишници имале далеку подобри резултати во 1980-тата.

- Реклама -