Oлеснување на болката за време на менструалниот циклус

СПОДЕЛЕТЕ

Ако ви падне во рака жена која што  страда од силни болки за време на циклус,  добро е да ги прочитате следните неколку совети кои ќе ви ги дадеме.

Тие се поврзани со неколку испробани методи за совладување на болката, кои што не ја елиминираат целосно, но сигурно доста ја олеснуваат истата. 

Натурална аптека

Постојат неколку билки кои се многу функционални за олеснување на болките од менструацијата. Пробајте со кантарион. Пробајте некои од билките на чај или на апчиња за да проверите дали имаат позитивен ефект. Почнете да ги пиете билките неколку дена пред да дојде циклусот, за да го зголемите нивниот ефект.

Витамини

Изненадувачки ефект  над менструалните болки дава пиењето на комбинација од витамини. За време на циклусот пијте цинк, калциум и витамин В . Исто така вклучете ги и консумирајте интегрални житарки, овошје и зеленчук. Намалете ја потрошувачката на сол, тоа исто така може да даде позитивен ефект.

Пијте многу вода

Ако организмот ви е добро хидриран, тој функционира правилно, поддржувајќи го нивото на хормоните (како и оние на естрогенот) .

Ограничете го кафето

Кофеинот во кафето делува диуретично и може да ја влоши вашата состојба. Тензиите во стомакот создаваат грчеви.

Движење и вежбање

Не плашете се од нив! Тие само можат да ви помогнат! Избегнувајте ги вежбите како кардио, кои ќе ги прошират крвните  садови и крварењето ќе се засили. За сметка на тоа, сите други полесни растегнувања и движења, вклучувајќи дигање тегови и прошетка, ќе го намалат стресот и ќе „тече” ендорфин во вашето тело. Тогаш болката опипливо ќе се намали.

Топлината е ваш пријател

Топлината помага да се опуштат мускулите, а болката да се смири.

 Масажа

Веројатно тоа е најомилена техника против менструални болки на жените. Можете сами или со помош на некој друг да си правите масажа на стомачната област. Користете кружни движења со благ притисок врз кожата, за да ја релаксирате мускулатурата.

- Реклама -