Официјално Apple ќе го претстави iPhone 6 на 9-ти септември

СПОДЕЛЕТЕ

Новата „закачка“ овој пат официјално пуштена од Apple сугерира за претстојниот настан на 09.09.2014. 

Со скокотливиот слоган  “wish we could say more” , компанијата ги заинтригира сите, што друго ќе се случува на 9-ти освен најавата за промоција на најновиот IPhone.

Се зборува и за можност да очекувате и претставување на нова верзија на iPhone 5s, која ќе поседува меморија од само 8 гигабајти и ќе се продава заедно со новите модели.

Иако дел од изворите велат дека е можна и презентација на новиот iWatch, сепак генералното мислење е дека паметниот часовник на Apple ќе го видиме дури во 2015-та година. Причината за ова се големите проблеми поврзани со производство на уредот.

Како и секогаш, оваа слика е пуштена само за да го потврди датумот, но и да ни создаде тензии, а како и обично, нема да видиме и разбереме речиси ништо, додека не почне самиот настан.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ