Погледнете како Американец продава Југо

На американскиот сајт Ebay се појави понуда што не се пропушта.Еден Американец решил да се опрости од своето Југо и го ставил на оглас, со цена и услови за продажба.

Во описот на овој оглас меѓу останатото пишува: „Кога последен пат сте виделе нешто чудно? Одличен колекционерски примерок, вистински филмски автомобил! Одличен е за луѓе кои сакаат чудни нешта.“

Исто вели дека Југото е во одлична состојба, и дека со многу малку поправки е подготвен за возење. Е сега, дали цената од 4.356 долари е затоа што ова е колекционерски примерок,  не знаме. Но, сигурни сме дека среќниот купувач ги познава работите.

- Реклама -