Роналдо: Јас и Меси сме одлични фудбалери, но јас сум подобар на теренот!

Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, изјави дека медиумите го прават ривалството меѓу него и Лионел Меси.
Тој вели дека луѓето ги обожаваат и двајцата, но тој е подобар на теренот.

„Ривалството меѓу нас двајца го направија медиумите. Со Меси сме професионалци и односот е добар. Дел од луѓето нагласуваат дека Меси е подобар и за нив тоа е така. Ги почитувам и нив, како и да е, јас сум задоволен од своите квалитети. Сепак, двајата сме одлични. Ја работиме својата работа најдобро што можеме и се обидуваме да бидеме успешни. На теренот јас сум подобар“, заклучи Роналдо за медиумите од Шпанија.

- Реклама -