Никогаш нема да погодите што Фејсбук се подготвува да направи!

СПОДЕЛЕТЕ

Тоа што го подготвува оваа социјална мрежа ќе израдува многу корисници.

Станува збор за содржините кои ве навлекуваат да кликнете на нив, а не ги исполнуваат вашите очекувања, повеќе нема да се појавуваат во вашиот NewsFeed.

Навлекувањето е осудено на пропаст. Поточно, оваа социјална мрежа ќе го смени алгоритамот, така што на вашиот News Feed нема да се појавуваат постови, односно наслови кои почнуваат со зборовите „Нема да поверувате…“, „Никогаш нема да погодите…“ и слични.

Foto: Facebook/newsroom.fb.com

Слично како и кога Фејсбук пред неколку месеци успешно се справи со луѓето кои поставуваа едни на други иритирачки содржини (кога моравте да лајкувате нешто за да можете да ја видите саканата содржина), оваа компанија планира да застане на патот и на насловите кои се користат како мамка за клик.

Иако насловите кои ве наведуваат да кликнете на содржината на почетокот изгледаат дека би биле интересни, набрзо повеќето луѓе сфаќаат дека се работи само за клик и дека текстот (или било што друго), не ги исполнува нивните очекувања.

Врз основа на едно истражување кое го спровело Фејсбук, наведено е дека 80 проценти од луѓето основајќи се на насловите кои се појавуваат на нивниот News Feed, одлучуваат да кликнат на постот.

- Реклама -