Во пресрет на Голема Богородица: Четврток е неработен ден за граѓаните

Согласно со Законот за празниците на РМ, 28 август 2014 година (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Црквата нѐ учи дека Марија, мајката на Исус, завршувајќи го текот на земниот живот на најсвет начин, била преземена со тело и душа во небесна слава.[6] Ова е утврдено учење во сите христијански цркви, вклучувајќи ја православната, католичката, источата и коптската. Сите го слават денот на успението на 15 август. Кај православните цркви кои го користат Јулијанскиот календар, оваа дата паѓа на 28. август, а на празникот му претходи 14-дневен пост.

- Реклама -