Топ 10 на фудбалери што се откажале од своите национални тимови

СПОДЕЛЕТЕ

Само пред неколку дена ѕвездата на Баерн Минхен Франк Рибери најави дека става крај на својата кариера во францускиот национален тим.

Рибери најави дека сака да посветува повеќе време на своето семејство и на својата кариера во Баерн, од каде што добива 14 милиони долари годишно. Еве ги  и останатите ѕвезди на европски тимови од големите првенства (Англија, Германија, Италија и Шпанија), кои исто така се откажаа од своите национални тимови.

klose

 10. Мирослав Клосе (Лацио)

36-годишниот Клосе веќе е рекордер по постигнати голови на светските првенства. Тој освои светската    титула со Германија оваа година, а за својата земја има остварено вкупно  71 погодоци од 137 натпревари.    Напаѓачот роден во Полска  заработува 2.8 милиони долари годишно во Лацио. Четири седмици по  финалето, Клосе го најави своето пензионирање од играта за репрезентација.

ACole  9. Ешли Кол (Рома)

Менаџерот на англискиот национален тим, Рој Хоџсон го остави Кол надвор од групата за првенството во  Бразил за сметка на новото засилување на Манчестер Јунајтед –  Лук Шо, кој има само 18 години. Кол, кој  доби 3.1 милиони долари минатата година од Арсенал, потпиша со Рома за новата сезона.

 

 

 

 

nemanja 8. Немања Видиќ (Интер)

Поранешниот столб во одбраната на Манчестер Јунајтед веќе е фудбалер на Интер. Платата на Видиќ за  минатата година беше 3,1 милиони долари, а неговото заминување од репрезентацијата на Србија беше во  2011 година

 

 

 

 

drogba 7. Дидие Дрогба (Челзи)

Дидие Дрогба се врати во Челзи, каде што потпиша договор за 1 година. Пред тоа тој играше за кратко во  Кина и Турција, каде ги бранеше боите на Галатасарај.

Напаѓачот постигна 5.3 милиони долари минатата година, а по завршувањето на Светското првенство се  одлучи да се откаже од националниот тим на Брегот на Слоновата Коска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

toti 6. Франческо Тоти (Рома)

Иако веќе има 37 години, Тоти продолжува да се натпреварува на највисоко ниво. Капитенот и лидер на  Рома добива по 6 милиони долари годишно, а на национално ниво го освоил Светското првенство во 2006  година, а на Евро’2000 достигнува до финалето.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

225px-Xavi_Euro_2012_vs_France_02 5. Чави (Барселона)

Халфот ќе продолжи да ги брани боите на Барселона уште една година, од каде што добива 9.2 милиони  долари. Тој освоил вкупно 25 трофеи во кариерата, но по неуспехот на Шпанија на првенството во Бразил  одлучи да се повлече од националниот тим.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

250px-The_big_4-0 4. Стивен Џерард (Ливерпул)

По 114 натпревари за Англија, Џерард одлучи да ја прекине кариерата во националниот тим. Од  Ливерпул Стиви Џи добива по 12 милиони долари годишно.

 

 

 

 

 

 

 

 

Riberi 3. Франк Рибери (Баерн Минхен)

По пристапувањето кон Баерн тој заработил 4 титули на Германија и една на Лигата на Шампионите. Иако  е на 31 година, тој одлучи да се откаже од националниот тим на Франција, за да може да се концентрира на  клупските обврски, за што добива по 14 милиони долари.

 

 

 

 

 

 

Nasri 2. Самир Насри (Манчестер Сити)

Тој има само  27 години, а веќе не се натпреварува за Франција. Играчот на Манчестер Сити добива 14,5  милиони долари, со што го зазема челното место на оваа листа, заедно со Филип Лам. Сепак, месецов  одекна веста дека по одлуката на селекторот Дидие Дешамп, Насри го напуша националниот тим.

 

 

 

 

 

 

 

 

filip-lam-615x400 1. Филип Лам (Баерн Минхен)

Капитенот на германскиот национален тим одлучи да се откаже по освоената титула во Бразил. 30- годишниот Лам има шест титули со Баерн Минхен, каде што добива 14,5 милиони долари годишно.

- Реклама -