Храброст или лудост? Заклучете сами

Британецот Џејмс Кингстон (23) бестрашно се качи на кран висок 100 метри од каде ужива во неверојатниот и застрашувачки поглед на прометна улица под него.

Адреналисниот зависник го снимил своето искуство на врвот на кран во Бангалор во Индија. На видеото се гледа како младиот човек полека помунива преку скелињата, а потоа се спушта и се фаќа за една рака, додека под него се гледа неверојатен поглед на прометен авто-пат.

Многу ризичен момент е и оној во кој Британецот ја врти камерата за да ја прикаже околината и себе си на врвот.

– Прво што направив кога се сместив во хотелот – погледнав низ прозорецот и ја пронајдов највисоката точка во околината, кранот кој се издвојуваше над останатите згради беше идеален за мојот потфат – вели Кингстон кој што влетал на градилиштето сред ноќта, низ дупка на оградата.
Ова не му е прв пат на младиот Британец. Тој веќе има изведено салто во воздух на најголемиот мост во Украина и тогаш ја занеме јавноста со својата храброст…или лудост?

- Реклама -