Чуваат глутница волци како миленичиња

СПОДЕЛЕТЕ

Тие живеат во белоруското село Зачеревје, на 250 километри северно од Минск. Веќе 5 години, чуваат глутница припитомени волци  кои сега се комплетно одомашени и демонстрираат однесување надвор од сите човечки очекувања.
wolves-as-pets2-550x786[1]

Волците би требало да се инстинктивно диви ѕверови и да подлежат на строга хиерархија во глутницата – ги предводи двојка од алфа мажјак и женка. Но, оваа група нема ниту една од тие карактеристики. Напротив, тие се мошне весела и расположена толпа, играјќи игри и забавувајќи ја 10-годишната Алиса Селек, дури и доброволно нудејќи и се за да ги јава низ дворот.

wolves-as-pets3-550x364[1]

Овие волци, исто така, не пројавуваат ни апетит за човечко месо – Алиса се бори со нив и ги бакнува, без страв дека може да настрада од нивните сеуште смртоносно остри заби. Почетокот на нивната врска датира од 2009-тата, кога Олег, таткото на Алиса, ги донел волците дома.

Тој работи како шумар, надгледувајќи дали има доволно дивеч за лов во регионот. При една рутинска прошетка, неговото куче Силва, нашло 4 напуштени млади волчиња. Нивните родители биле застрелани од ловци, а на младите им се заканувала сигурна смрт, бидејќи биле премлади за самостојно да ја преживеат суровоста на зимата. Олег не можел да одолее на четирите мали крзнени топчиња, па ги вратил дома, каде што им изградил посебно засолниште и продолжил да ги одгледува како миленици.

wolves-as-pets4-550x693[1]

Низ годините, волците на Селек станале популарни меѓу селаните, кои често се собираат и со воодушевување ја гледаат Алиса додека си игра со глутницата. Нивната приказна ги топли срцата во ова студено село.

Експертите предупредуваат дека одомашените диви животни се уште поопасни од дивите. Дивите волци, конкретно, природно се плашат од луѓето и најчесто бегаат. Кај одомашените волци, пак, овој страв се губи, а тоа ги прави уште поопасни. Погледнете го видеото, па сами пресудете колку се во право:

 

- Реклама -