10 најконтроверзни секс сцени во историјата на филмот (+18)

Сите знаеме дека сексот е тој што продава се.

Во Холивуд сексот ја има таа моќ да направи некој филм да биде најгледан особено кога станува збор за познати ѕвезди.

Без разлика што овие може се едни од нашите омилени филмови, секс сцените во нив со причина се едни од најконтроверзните. Погледнете кој се тие:

10. „Chloe“

Филмот „Chloe“ од 2009 година во кој главните улоги ги играат Џулијан Мур и Аманда Сејфрид, сигурно отворила многу табу теми од човечката сексуалност: неверство, разлика во годините, лезбејски секс… Сите овие работи се случуваат во овој трилер. Највпечатлива сцена сигурно е геј сцената меѓу Мур и Аманда.

9. „Requiem for a Dream“

Овој филм самиот по себе е многу тежок, тематика која е депресивна: наркомани кои се борат со својата зависност. Но, најконтроверзната сцена е кога актерката Џенифер Конели дели секс играчка со друга жена додека група мажи гледаат и се возбудуваат.

8. „Brokeback Mountain“

Прв холивудски хомосексуален филм од 2005 година кој предизвика многу контоверзии. Главната секс сцена одиграна под слабото светло и повеќе е алузија отколку експлицино видео. Сепак, иако овој филм има најмалку секс сцени од останатите, карактеризиран е како еден од „критичните“.

7. „Crank“

„Crank“ дефинитивно има една од најконтраверзните секс сцени. Џејсон Стетам кој ја толкува главната улога има секс на јавно место пред многу луѓе сред Кинескиот кварт со својата девојка. Многумина оваа сцена ја опишале како силување, сексуален напад, чиста порнографија со експлицитна содржина.

6. „Eyes Wide Shut“

Филмот на Стенли Кјубрик се врти околу еротски игри, но во секс сцената во оваа листа се оддржува групен секс. Жените се маскирани и речиси голи, вршејќи сатански ритуал.

5. „American History X“

Овој филм изобилува со сцени кои вознемируваат. Сепак, сцената во која Едвард Нортон е силуван во затвор е најконтраверзната.

4. „American Psycho“

Глумата на Кристијан Бејл во овој филм е навистина имресивна, како социопат ја оствари најконтраверзната сцена кога убива две жени со кои претходно има секс. Едната ја убива во самиот чин, додека другата се обидува да избега. Оваа комбинација на секс и насилство предизвика бројни реакции.

3. „Antichrist“

Филм полн сп насилство и контроверзии. Почнува со секс сцена кога детето откога ги видело родителите, паѓа од прозор и умира. Верувале или не, оваа морбидна сцена е една од послабите во филмот. Насилен секс, мазохизам, садизам…

2. „The Girl with the Dragon Tattoo“

Протагонистката Лизабет Саландер е брутално силувана од страна на својот легален старател. Тешко гледлива сцена.

1. „A Clockwork Orange“

Ова е најстариот филм на листата, но со оваа сцена влезе во историјата ккао најконтроверзен и најбизарен. Филмот на Кјубрик веќе 40 години е на првото место на најконтраверзни филмови.

- Реклама -