Наскоро…„Ало Докторе!“

Иако звучи како најава за реално шоу или име на утринска емисија, сепак се работи за проект на Министерството за здравство, со тоа што лекари ќе делат совети на пациенти преку посебна телефонска линија.За таа цел досегааплицирале  девет кандидатии, а пријавите кои стасале, како што информираат од Министерството за здравство, се од лекари со различни специјалности во медицината, кои согласно критериумите, треба да имаат најмалку 10-годишно работно искуство како доктори-специјалисти.

Повикувачкиот центар треба да почне со работа од 15 септември и ќе обезбедува советодавни здравствени услуги, односно упатства за граѓаните при појава на разни сипмтоми за кои не е неопходен итен медицински третман како главоболка, настинка, покачена телесна температура, и сл. Телефонската линија ќе биде достапна 7 дена во неделата, по 24 часа, и на неа ќе се делат и совети за правилна употреба на лековите, со акцент на лековите од ОТЦ-листата кои се достапни во продажба во супермаркетите и бензинските станици.

Докторите од „Ало Докторе“, ќе бидат поврзани и со националниот електронски систем „мој термин“ и ќе можат да му помогнат на пациентот со известување за следните чекори за закажување прегледи. 

- Реклама -