Суарез ги одигра првите минути во дресот на Барселона

Луис Суарез дебитираше за Барселона на пријателскиот натпревар против мексиканскиот тим Леон кој Каталонците го добија убедливо со 6-0.

Суарез вечерва беше претставен пред полниот Камп Ноу, Уругваецот ги одигра последните петнаесетина минути од натпреварот, негови први во дресот на Барселона.

Каталонците со убедливи 6-0 го победија мексиканскиот тим Леон во натпревар од традиционалниот Гампер куп кој го играат пред почетокот од сезоната.

Серијата ја отвори Лео Меси, потоа Нејмар реализираше два пати, во вториот дел Ел Хадади исто така постигна два гола, натпреварот го затвори Рамирез.

Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk.

- Реклама -