10 моќни цитати на Робин Вилијамс

СПОДЕЛЕТЕ

Добрите луѓе долго се паметат, најдобрите актери – засекогаш.

Денеска почина Робин Вилијамс, огромен актер и комичар со кој што се збогуваме со неверување и голема жал.

Прочитај повеќе: Робин Вилијамс е пронајден мртов: Веројатно се работи за самоубиство

Еве некои од најнезаборавните цитати кои што Робин Вилијамс ги остави зад себе:

– Не е важно што велат луѓето – зборовите и идеите можат да го променат светот.

– Во вас тлее сосема мала искра на лудило. И не треба да ја губите.

– Правилното е она што ќе остане, откако си го направил сето друго погрешно.

– Кокаинот е начинот на Господ да ти каже дека заработуваш многу пари.

– Реалноста е само концепт.

– Подобро е да продолжиш да работиш, наместо да ги оставиш луѓето да те заборават.

– Развод – од латинскиот збор што значи изнудување на машките гениталии во паричникот.

– Никогаш не влегувајте во спор со грозен човек – тој нема што да загуби.

– Реалноста е само патерица за луѓето кои што не можат да се справат со дрогата.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ