Робин Вилијамс е пронајден мртов: Веројатно се работи за самоубиство

СПОДЕЛЕТЕ

Големиот актер Робин Вилијамс беше пронајден мртов во неговиот дом на 63-годишна возраст, пренесуваат американските медиуми.

По првичните информации станува збор за самоубиство. Судските лекари исто така се сомневаат дека станува збор за тоа. Вилијамс, кој освои “Оскар” за најдобар актер во споредна улога во 1997 година во филмот “Добриот Вил Хантинг” и има вкупно три номинации за најдобар актер за најпрестижната награда во светот на филмот, се бореше со зависноста од алкохолот и дрогата.

Минатиот месец тој влезе во рехабилитационен центар во Минесота поради проблеми со алкохолот.

Неговите претставници убедуваа  тогаш дека Вилијамс не користи дрога и алкохол,туку влегол во центарот за да ја зацврсти својата трезвеност по период на огромно  работно оптоварување. Неговата сопруга Сузан Шнајдер ја  потврди веста преку порака, распространета преку портпаролот на актерот.

„Утрово го изгубив сопругот и најдобар пријател, а светот загуби еден од најдобрите  актери и еден прекрасен човек”, изјави уште Шнајдер. Американскиот претседател Барак Обама и неговото семејство се придружија во давањето на почит кон споменот на покојникот американски актер Робин Вилијамс, пренесе AFP.

„Робин Вилијамс беше пилот, доктор, гениј, дадилка, претседател, професор, гласот на Петар Пан и многу други. Но самиот тој беше единствен. Тој пристигна во нашите животи како суштество од друг свет, но на крајот преку филмовите ја допре  секоја честичка од човечкиот дух “, изјави Обама, потсетувајќи на една од улогите на Вилијамс.

- Реклама -