Милан се интересира за Горан Пандев

Италијанските медиуми пишуваат дека Милан сака да го ангажира македонскиот фудбалер, Горан Пандев кој би требало летово да го напушти Наполи.

Горан Пандев е на излезна врата од Наполи, последните информации велат дека тој би можел кариерата да ја продолжи во Милан.
Росоњерите имаа очаен настап на турнирот во САД, па Пипо Инзаги е во потрага по засилувања.
Sky Sports Italia пишува дека Инзаги посакува да ја засили офанзивната линија, и токму Пандев е неговата желба.
Милан веќе го контактирал Наполи околу можноста да го ангажира Македонецот кој со нивниот градски ривал, Интер, ја освои Лигата на Шампионите.

Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk.

- Реклама -