Мурињо: На Лукаку му недостасуваше мотивација

СПОДЕЛЕТЕ

Жозе Мурињо го критикува менталитетот на Ромелу Лукаку, вели дека напаѓачот немал мотивација да се бори за место во стартниот тим.

Репрезентативецот на Белгија се пресели во Челзи во 2011, но никогаш не доби права шанса на Стемфорд Бриџ.

Ромелу Лукаку вчера за 28 милиони фунти се пресели во Евертон, клубот каде што минатата сезона настапуваше на позајмица.

Жозе Мурињо вели дека ’Сините’ му дозволиле на талентираниот напаѓач да замине бидејќи тој немал доволно мотивација да се бори за место во првиот тим на Челзи.

„Рoмелу секогаш јасно ставаше до знаење, преку менталитетот и пристапот, дека нема мотивација да се натпреварува за место во Челзи” – вели ’Специјалниот’.

„Сакаше да игра за Челзи, но сакаше да биде прв избор, нешто што во голем клуб како нашиот, е многу тешко да му го ветите на некој фудбалер”.

„Бидејќи немаше загарантиран првотимски статус, неговата желба за враќање беше драстично намалена”.

„Евертон достави добра понуда, потребно е да ги почитуваме правилата за финансиски фер плеј, ја анализиравме ситуацијата и решивме да ја прифатиме понудата”.

„Најважно е што тој е среќен и го доби она што го посакуваше. Тој е добро момче. Можеме само да му посакаме се најдобро”.

Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk.

- Реклама -