Evernote го интегрира FastPencil за да може лесно вашите пораки да ги објавите во книга

Доколку сте од оние корисници на Evernote кои постојано запишуваат некакви пораки или белешки во апликацијата, веќе имате можност сите тие да ги соберете и да ги објавите во една книга.

Evernote

Тоа е возможно преку интеграцијата на Evernote со платформата за автоматско објавување FastPencil.

Откако ќе ги вметнете вашите белешки во FastPencil, вие ќе можете да ги споделување со сите, а за сметка на тоа ќе добивате и позитивни или негативни коментари. Кога ќе сте готови со промените, услуга ви дава опција за објавување на истите под формата на е-книга за Kindle или iBook, или пак да ја испечатите.

Сето тоа само со неколку клика.

Текстот е објавен во соработка со socialnet.mk.

- Реклама -