Сколари си најде нова работа

Луис Фелипе Сколари не чекаше многу да се врати на работа, кратко по дебаклот на светското првенство стана нов тренер на Гремио.

Сколари останува во Бразил, но овој пат во клупскиот фудбал, ќе биде тренер на Гремио.
Ова е негово трето превземање на Гремиот, Сколари беше тренер на тимов во 1987 година, како и во периодот од 1993 до 1996.
За 65-годишниот стратег ова можеби ќе биде и последниот тренерски ангажман во кариерата.
- Реклама -