Пет историски методи на контрацепција

СПОДЕЛЕТЕ

Идејата за контрацепција е присутна веќе илјадници години и е документирано преку разни форми на уметност и пишаниот збор.

Една жена може да биде плодна четириесет години; додека желбата да се контролира создавањето на потомство не е само моментално прашање, туку прашање кое е присутно низ вековите.
Погледнете некои од овие чудни и опасни методи за контрола на репродукција!

Лимони

lemon

 

Лимонската киселина се вели дека има спермицоидни својства, и жените порано топеле сунѓети во сок од лимон пред вагинално да ги вметнат. Споменато е во Талмудот, дека ова било префериран метод за контрацепција во античките еврејски заедници. Сунѓерот самиот по себе дејствува како физичка бариера помеѓу спермата и грлото на матката. За големиот женкар Казанова се има кажано дека ја вметнувал кората од половина лимон во неговите љубовници како примитивна дијафрагма, а остатокот од сокот од лимон служел за да ги уништи сперматозоидите.

Крокодилски измет

croc

Античките Египќани е сосема можно, како што е имплицирано во папируси кои датираат до 1850 п.н.е., било ефективно средство за спречување на бременост. Крокодилскиот измет има алкални квалитети кои би можеле да бидат ефективни спермицидоти, како прилог на идејата дека вметнување на цврста топка на измет во вагината може да дејствува како физичка бариера.

Животински црева

tines

Во пештера стара околу 12,000 до 15,000 години во Франција има цртежи кои го опишуваат она што историчарите тврдат дека е првата илустрација на човек како носи кондом при сексуален однос; Кралот Минос на Крит, сонот на Зевс и Европа, кој живеел околу 3000 години п.н.е., се претпоставува дека употребувал црева од коза како кондоми; и илустрација од древниот Египед, пред околу 3000 години, се чини дека покажува човек кој носи нешто што изгледа на обвивка околу неговиот пенис. Најстарите кондоми некогаш најдени датираат од 1640 година и биле обвивки од животински ткива, како црева за колбаси, најдени на Дадли замокот во Англија.

Жива

merc

Цивилизации од целиот свет, од античките Асирци и Египќани до Грците, биле фасцинирани од живата и биле убедени дека има медицинска вредност и послебни лековити својства, користејќи ја за лекување на сè, од осип на кожата до сифилис. Во античка Кина, жените биле советувани да пијат жешка жива за да спречат бременост. Тоа било веројантно прилично ефективно во убедувањето на женското тело дека таа не е способна да носи дете, што доведувало до спонатан абортус, па во таа смисла, тоа работело како средство за контрацепција. Меѓутоа, како што знаеме денес, живата е енормно токсична, предизвикувајќи штета во бубрезите и белите дробови, како и оштетување на мозокот и смрт. Па така, бременоста најверојатно, би била најмала нивна грижа.

Чај од сварени тестиси на дабар

bever

Оваа практика датира од 16-тиот век во Канада, кога жените во обид да спречат бременост, ги потопувале исушени тестиси од дабар во концентриран раствор на алкохол, а потоа пиејќи ја добиената течност.

 

- Реклама -