Каде се кријат? Освен тато, речиси никој не знае како изгледаат ќерките на Путин

СПОДЕЛЕТЕ

Ќерките на рускиот претседател Владимир Путин долго време не се видени во јавноста, а кога во неколку ретки случаи фотографија била потпишана со нивните имиња, од неговата канцеларија стигале демантирања дека- тие не се тие.

Двете ќерки на Владимир Путин од бракот со поранешната сопруга Људмила, за јавноста се голема мистерија. Оскудните информации кој се познати за нив се нивната возраст, постарата сестра, наводно живее во Холандија со својот дечко, бизнисменот Јори Фасен (34) и е дипломиран биолог, додека помладата, исто така наводно, е верена за синот на еден јужнокорејски војник.

Постарата Марија (29) и помладата Екатерина (28) е толку голема мистерија. Веста дека Марија по падот на малезискиот MH17 авион побегнала со дечкото од Холандија, медиумите ја претставиле со погрешна фотографија од Мис Порторико, пишува Daily Mail.

4

Фотографијата на Путин со своите деца за јавноста е речиси недостапна. На инернет се наоѓаат само стари семејни фотографии од деведесеттите години.

„Ќерките на претседателот Путин не се кријат, но се придржуваат до советите на својот татко за затворениот систем“, рекол неговиот потпарол.

Својот приватен живот рускиот претседател го држи во строга тајност. Во руските медиуми еднаш се појавиле информации дека има уште едно дете, син кој го добил пред неколку години, повторно наводно со втората сопруга Алина Кабајев. Но, не е потврдена таа информација дека е во врска со Кабајев, ниту дека имаат дете.

- Реклама -