3 трикови кои ќе го продолжат траењето на вашиот маникир

Кој не сака да гледа убаво уредени нокти на рацете и нозете во текот на летото? Поради честото туширање, влегување во море или базен, лакот на ноктите брзо се лушти на рабовите. Еве како можете да му го продолжите рокот на траење:

1. Чувајте го лакот за нокти во фрижидер

На високите температури лакот се растопува, па пред самата употреба, оставете го на кратко во фрижидер. Идеално време би било околу еден час пред самото лакирање.

2. Лакирајте ги ноктите после туширање

Веднаш после топлиот туш и купка, нанесете го лакот за нокти, кој ќе трае подолго поради чистата подлога.

3. Крема на лакот

Пред спиење заштитете ја површината на ноктите со крема за раце, но корисно би било и на самата површина да нанесете безбоен лак за нокти.

- Реклама -