Грчкиот остров Лимнос после земјотресот се помести за пет центиметри

По силниот земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала, што се случи на 24 мај годинава, грчкиот остров Лимнос во Егејско Море е поместен.

Епицентарот на земјотресот беше под морското дно меѓу островите Самотраки, Имброс и Лимнос.

Поместувањето на островот Лимнос е откриено од научниците од Атинскиот институт за геодинамика по нивните истражувања и анализи на податоците од ГПС станиците.

Анализите покажале дека Лимнос се поместил за пет сантиметри во југозападен правец како резултат на силниот земјотрес.

- Реклама -