Британски медиум ја откри страшната тајна за преработување на месото

СПОДЕЛЕТЕ

Со оглед на тоа што за целите на прехрамбената индустрија во Велика Британија се убиваат 17 милиони птици неделно, престижниот „Гардијан“ прави тајна истрага за хигиенските услови на фармите и фабриките за пилешко месо кои ги снабдуваат најголемите супер-маркети и ланци за брза храна во земјата.Целата истрага започнала поради загриженоста околу информациите што ги имал Гардијан за ширењето на бактеријата кампилобактер во пилешкото месо во земјата. Се проценува дека годишно околу 280.000 луѓе во Британија заболуваат заради оваа бактерија, а 100 умираат од болеста.

Стапката на контаминација со кампилокатер постојано расте во изминатата деценија.

По објавувањето на истрагата и документирањето на сите хигиенски пропусти на живинарската индустрија, три од водечките британски супермаркети најавија итна истрага и менување на своите снабдувачи со пилешко месо.

Видеото од истрагата многу детално ќе ви ги покаже сите ужаси низ кои минува парче пилешко пред да стигне до продажба:



- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ