Видео: Најблиската средба на луѓе со кит, на отворено море

СПОДЕЛЕТЕ

Двајца кајакари засекогаш ќе ја пметат вечерта кога одлучиле да гледаат китови.

Видеото е објавено на Јутуб и прикажува двајца (не)среќници, маж и жени во кајак во близина на аргентинскиот град Пуерто Мадрин, како веслаат околу јато китови.

Набрзо после тоа нештата стануваат драматични: еден од китовите решава да им пријде и да ги подигне заедно со кајакот над водата. Во описот на видеото пишува: „Додека ги гледавме еден од китовите тргна кон нас и не подогна. Неверојатно, се е во видеото!“

Нормално веќе се појавија оние кои што се сомневаат во автентичноста на снимката, но дури и да е сево ова лажирано, сеедно вреди да се погледне бидејќи изгледа премногу веродостојно.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ