Ѕирнете во златото на македонските кралеви

Дневниот весник Вечер, објави фотографии од богатството пронајдено во Македонија, а кое ќе биде изложено во  Келтско-римскиот музеј во Манхинг, Германија.Покрај богатството, кое главно е од градот Лихнид на Охридското Езеро (Горна порта) и златниот трезор од Тремник во близина на градот Неготино, античката Антигонеа, дел од поставката се и предмети кои ги поседувале група Келти кои некаде во 3. век п.н.е. како платеници своите животи ги положиле во одбрана на граѓаните на Лихнид, пишува весникот.

Според д-р Лилчиќ, артефактите од златниот трезор од Тремник најверојатно му припаѓале на офицер кој верно служејќи му на Александар Македонски со премијата се вратил во родниот крај?!

Артефактите се осигурани на 5 милиони и 368 илјади евра, а по претставувањето во Германија, според директорката Весела Честоева, тие ќе бидат изложени во новиот Археолошки музеј.

Целата галерија со објаснување под фотографиите, можете да ја видите на нивната страна.

- Реклама -