Home Астал 7 предлози на храна за убаво лице

7 предлози на храна за убаво лице

0

Грижата за лицето настанува со грижа за Вашето здравје. Ако Вашето лице не добива доволно витамини од храната што ја внесувате, тогаш нема да изгледа убаво. Од Вас зависи изборот на храна за убава и здрава кожа на лицето, додека ние Ви предлагаме неколку примери кои покрај другото, ќе Ви послужат и за одржување на витка линија на телото.

1.    Морска храна за нежна и чиста кожа, покрај придобивките за Вашето здравје. Зголеменото ниво на омега 3 ја редуцира дехидрираноста и сувоста на кожата, а меѓу другото ги чисти артериите околу срцето. Како резултат на внесувањето, Вашата кожа ќе биде нежна и сјајна.

2.    Кафе и чај, дури по една шолја дневно може да го намали ризикот од рак на кожа. Кофеинот воглавно ги уништува uv-уништените ќелии на кожата.

3.    Цитрон за затегната кожа, поради активниот Ц витамин што го содржи. Како редовна состојка во кремите за лице, продуцира колаген – протеинот кој ја формира основната структура на кожата. Цитронот, портокалот, црешите, лимонот и грозјето имаат исто дејство.

4.    Соино млеко кое го зачувува колагенот и ги намалува брчките, каде меѓу другото ја одржува кожата здрава и со младешки изглед.

5.    Црвен зеленчук за мека и чиста кожа на лицето. Домати и моркови се препораката за внесување на бета-каротин, кој подоцна телото го конвентира во витамин А, за анти-оксидантско дејство. Истото превенира појава на акни.

6.    Зелен зеленчук, за сјај на кожата поради витаминот А. Овој витамин создава нови ќелии и се ослободува од старите, така што својството на пилинг кое резултира со млада и сјајна кожа се случува од внатре.

7.    Јаткасто овошје кое ја одржува младоста на кожата, особено бадемите. Витаминот Е го забавува стареењето и штити од штетните сончеви зраци. Може да го додавате во овошни салати или да го внесувате како аперитив.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here