Веројатно никогаш не би ви текнало вака да исцедите лимон (без семки)

Јутјуб корисникот ssgrey можеби го има најлесниот и наједноставниот метод за цедење лимон, без семки. Нема цедалки, нема неред, нема мака.

Најпрво, за да го раздвижите сокот, протркалајате го лимонот по масата, нежно притискајќи. Следниот чекор е со ножот да направите неколку засеци на врвот, со едноставни и плитки бодежи. Насочете го лимонот кон саканиот сад и истискајте го сокот. Кората ќе послужи како цедалка и ќе ги задржи семките, а ќе успеете да го извлечете најголемиот дел од сокот. Внимавајте да не ја расцепите кората за да не ви паднат процедените семки баш каде што не ги сакате.

Овој начин е идеален кога ви треба само дел од сокот, а остатокот од лимонот сакате да го зачувате свеж, за подоцна.

- Реклама -