Хамес Родригез и официјално во Реал Мадрид за 88 милиони евра

СПОДЕЛЕТЕ

Реал Мадрид после Тони Крос во своите редови го доведе и најдобриот стрелец од Мундијалот во Бразил, Хамес Родригез. Кралскиот клуб конечно се договори со Монако и за 88 милиони евра колумбискиот репрезентативец ќе се пресели на Сантиаго Бернабеу.

Колумбискиот фудбалер на овој начин постанува трет најскап фудбалер во светот, веднаш зад Кристијано Роналдо и Герет Бејл.

Официјализирање на трансферот на Родригез на „Сантијаго Бернабеу“ се очекува денеска.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ