Од креативна тегла за македонско слатко до парична награда

СПОДЕЛЕТЕ

Движењето за поддршка на креативноста „Браво Сине“ и Skopje Design Week ја започнаа потрагата по млади дизајнери кои ќе работат на дизајн на теглата за слатко од велешката компанија Јоми фуд.

jomi fud

Неодамна беше објавен конкурсот кој ќе трае до 1. семптември и преку кој Јоми фуд ќе бара автентичен дизајн и бренд идентитет за седум видови слатко од својот асортиман.

Наградниот фонд за избраното креативно решение е во висина од 200.000,00 денари и се исплатува најдоцна еден месец по јавното прогласување на победникот.

Наградата ја обезбедува Здружението на граѓани – Движење за поддршка на креативноста ИВО ЛАУРЕНЧИЌ Скопје – “Браво Сине!“, а проектот за брендирање на национални производи се спроведува во соработка со Skopje Design Week (SDW).

Правила за учество:

Секој пријавен кандидат треба да е државјанин на Република Македонија, на возраст до 28 години и со поднесувањето на пријавата се смета дека ги прифаќа следниве услови за учество:

  • Движењето за поддршка на креативноста ИВО ЛАУРЕНЧИЌ Скопје има право да ги изложува на јавни настани дизајнерските решенија (идејни проекти) поднесени од сите кандидати, со цел популаризирање на креативноста и самиот Проект за брендирање на автентични национални производи. Здружението се обврзува при изложувањето да го означи името на кандидатот кој го изработил решението. Кандидатот го задржува авторското право врз идејното решение
  • Кандидатот чие дизајнерско решение (идеен проект) ќе биде наградено, ги отстапува сите авторски права на Здружението на граѓани – Движење за поддршка на креативноста ИВО ЛАУРЕНЧИЌ – Скопје
  • Секој кандидат гарантира за оргиналноста на идејното/графичкото решение и ја презема целосната материјална и нематеријална одговорност за истото
  • Еден кандидат поднесува еден сет на дизајнерски решенија или идеен проект
  • Организаторот го задржува правото на избор на две дизајнерски решенија (идејни проекти) кои влегуваат во истиот награден фонд.

 

Сите подетални информации во врска со дизајнерската задача и техничките спецификации можете да ги дознаете на оваа интернет адреса – http://www.bravosine.mk/

Сите пријави испратени на интернет адресата Ivo.laurencic@bravosine.mk до 01 септември 2014 година се сметаат за примени од моментот кога ќе им биде доделена шифра од страна на администраторот.

Пристигнатите решенија ќе ги разгледува жири комисија составена од претставници на Движењето за поддршка на креативноста ИВО ЛАУРЕНЧИЌ Скопје – “Браво Сине!“ и Skopje Design Week (SDW) под шифрираниот редослед.

Во финалната фаза на избор ќе биде вклучен и претставник на производителот.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -