Несекојдневна глетка: Небото се раздвои над Флорида

Жителите на Флорида имаа можност да бидат сведоци драматична и сосема необична глетка. За време на бурата, природата реши да приреди шоу, па го раздвои небото во стилот на Мојсеј.

Џо, еден од сведоците, раскажува како возел во својот автомобил и како надвор постојано паѓал силен дожд. Одеднаш, црниот облак нагло се раздвоил, создавајќи „сончева дупка“ која го прекинала дождот над самиот пат, додека настрана продолжило да врне.

10549777_703435429736209_286119519_n[1]

„Разговарав со сестра ми на телефон, но морав да прекинам и да ја забележам ваквата глетка. Ми се чинеше како Бог да го раздели небото“, вели Џо.

- Реклама -