Морбидна последна порака на еден од патниците во соборениот малезиски авион

Холандскиот патник, Кор Пан, кој заедно со својата сопруга патувал во малезискиот авион МХ 17 пред самото поаѓање во четвртокот објавил фотографија од леталото над која напишал: „во случај да исчезне, еве како изгледа“.

Screenshot_1

Иако е очигледно дека станувало збор само за шеговита порака (алудирајќи на претходното мистериозно исчезнување на малезиски авион), сепак, оваа фотографија започнала брзо да се шири низ Фејсбук мрежата.

Bsw352jCMAADucX

Профилот на Пан за кратко време бил исполнет со пораки во кои било искажано жалење, по што подоцна е направена и негова фан-страница. Многу од корисниците ја карактеризираат случајната шега како „необична и морбидна“.

enhanced-1276-1405623335-2

Во соборувањето на малезискиот авион во Украина погинале 295 луѓе. Иако Украинците ги обвинуваат руските сепаратисти за оваа трагедија, тие демантираат вмешаност во инцидентот.

enhanced-buzz-27004-1405623495-4

- Реклама -