Како да промените јазик на Gmail

Google додаде достапност на уште 13 јазици во Gmail, со што вкупната бројка моментално изнесува 71.Со оваа промена, Gmail сега ги содржи јазиците на 94% од светската популација. Најголема предност е тоа што јазикот можете да го промените по свој избор, без оглед на тоа каде живеете.

На пример, доколку би сакале постојано да вежбате и да изучувате одреден јазик, Gmail едноставно ви овозможува да го промените.

Како да го промените јазикот во Gmail?

Промената е мошне едноставна. Одберете ја опцијата Settings, а потоа кликнете на General. На самиот почеток во делот Language можете да изберете нов јазик.

gmail

 

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -