Празник за IT популацијата: 150 БЕСПЛАТНИ книги и море од знаење од Мајкрософт

Не е прв пат, а се надеваме не е ни последен. Мајкрософтовиот MSDN блог објави еден куп бесплатни електронски книги што покриваат речиси се од компјутерската технологија – од Windows 8, до Office 2013, SQL Server и многу други.
e-books
Ерик Лигман, или како што го нарекуваат – „Дедо Мраз на Мајкрософт книгите“, објави најголема колекција до сега, со преку 130 наслови, како постари и познати, така и нови и ексклузивни. Секоја од книгите има преку 100 страници, исполнети со знаење што може да им помогне и на најголемите IT професионалци, како и на обичните компјутерски корисници со мака или со желба за нови знаења.

До сега на блогот се објавени вкупно околу 150 книги, а за само една година, читателите симнале околу 3.500.000 наслови. Најголемиот дел од книгите се во .pdf формат, но можат да се сретнат и други e-book формати.

Во морето од бесплатно знаење можете да се џитнете ТУКА.

- Реклама -