Виц: Желки во пустина

Си биле две желки, се возеле во авион и паднале во пустина… Биле многу жедни, па тргнале по пустината да бараат вода. Така барајки наишле на едно вирче. И токму во моментот кога и двете се наведнале да се напијат вода, едната и рекла на другата:

„Еј, ама немој да пиеш, се гадам од тебе“, рекла првата желка.

„Па што ќе правиме сега и јас се гадам од тебе!” ,рекла втората.

„Па ако не те мрзи оди до дома и земи една чаша“  и рекла првата на втората

„Ајде еве јас ќе тргнам по чаша само немој да пиеш вода додека не се вратам.” и поставува услов првата желка на втората.

„Додека не донесеш чаша нема да се напијам од вирчето”, најпосле де договориле.

И тргнала едната желка по чаша, а оваа другата ја чекала покрај вирчето …

И чекала… и чекала 3 години, 5 години, 10, 15, 30, 50, 70, 100, 120, 160, 180, 200.На желката веќе и се смаило па си помислила:

„Многу време помина откога замина по чаша, дај јас да се напијам од водата, се може да и се има случено по патот”.

Решила да се наведне и да се напие од вирчето. Во моментот кога се наведнала,  другата излегла  од една грмушка и свикала:

„Аха!  Ако се лажеме, поарно е да не тргнувам по чаша“!!!!!!

- Реклама -