Не го препознава ни семејството: Дали бездомникот станува невидлив?

Ова е прашање кое го поставуваат авторите на компанијата  “Make Them Visible” (Направете ги видливи) зад кои што стои маркетинг агенцијата Silver + Partners i Smuggler.

Тие одлучиле да маскираат луѓе во бездомници и да проверат дали ќе ги забележат членовите на нивното семејство.

„ Само една снимка не заврпила во видеото. Личноста не можела да се соочи со фактот дека само поминала крај член од своето семејство“, вели режисерот Џун Диаз.

Овој социјален експеримент покажува колку стануваат бездомниците невидливи за минувачите.

„ Експериментот е потсетник на тоа дека бездомниците се луѓе како и ние, но со една разлика. Имаат проблеми, големи проблеми. И тие можат да бидат нечиј вујко, роднина или сопружник“, вели Креиг Мајес за HuffPost.

- Реклама -