20 факти за Вилијам Шекспир

СПОДЕЛЕТЕ

Вилијам Шекспир е англиски драматург и поет, сметан за најзначајниот автор во англиската литература и еден од највидните драматурзи во светската историја. Тој е нарекуван често „национален поет на Англија”.

Вчера се навршуваа 450 години од неговото раѓање, па весникот „Интернешенел бизнис тајмс” објави 20 факти  по повод неговиот роденден.

1. Точниот датум на раѓање на Шекспир е непознат. Но, благодарение на архивите на црквата „Света Троица” историчарите знаат дека тој е крстен на 26 април 1564 година во Стратфорд на Авон, Англија. Повеќето научници сметаат дека тој е роден на или околу 23 април. Па неговиот роденден обично се забележува на овој ден.

2. Тој бил дел од театарски претстава „Мажите на Лорд Чембрлен”, каде што се појавил  и како актер.

3. Умира на 23 април 1616 година, на или околу 52-риот роденден, во Стратфорд на Авон.

4. Меѓу неговите прекари е и  „лебед на Авон”.

5. Историчарите истражуваат два примарни извори на информации за неговиот живот – неговите литературни дела и официјални црковни и судски документи кои содржат настани од неговиот живот.

6. Речиси нема информации како за неговото детство, така и за образованието. Но,  научниците веруваат дека тој го посетувал  Кралското училиште во Стратфорд.

7. Во ноември 1582 година 18-годишниот Шекспир се жени Ен Хатавеј. Таа е со осум години постара од него и е бремена во трет месец за време на венчавката.

8. Шекспир исчезнува од историските архиви меѓу 1585 и 1592 година.  За историчарите останува мистерија што точно правел драматургот во овие седум години.

9. Шекспир е сметан за творец на неколку женски имиња како Миранда, Оливија, Џесика.

10. Врз основа на портрети на Шекспир од 17 век се смета дека тој носел златна обетка на левото уво.

11. Шекспир напишал вкупно 154 сонети.

12. Се смета дека неговото тело е погребано  17 метри под земјата.

13. Во драмата  “Ромео и Јулија” зборот љубов се споменува 150 пати.

14. На гробот на Шекспир во Стратфорд на Авон е испишано проклетство, за даго  одвраќа секој човек, кој би помислил  да ги украде неговите коски.

15. Постојат сведоштва дека Шекспир бил најверојатно таен католик.

16. Во 1613 година Шекспир се повлекува од театарот и се враќа во Стратфорд на Авон.

17. Шекспир има седум браќа и сестри.

18. Тој има три деца – син на име Хамнет, кој починал во 1596 година, и две ќерки – Сузана и Џудит.

19. Шекспир пишува вкупно 37 драми во животот.

20. Последната неговата пиеса е “Двајцата угледни сродници”. Се смета дека била напишана во 1613 година, кога тој имал  49 години.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ