Бисери на професори

Некои се уште се наоѓаат во училишните клупи, а други веќе одамна поминале низ тоа. Но, како и да е сигурно сите ние се сеќаваме кога некој професор направил гаф, па сите се смееле до солзи, раскажувале за тоа, пишувале во алманаси, па истиот се пренесувал „од колено на колено“.

Ние селектиравме неколку, доколку иамте и паметите од ваше искуство би било супер да споделите во коментар.

„Ѓорѓи, гледај ме внимателно, ако сакаш да научиш нешто за мајмуните“.

„ Сега се смеете вие, се смеам и јас, но на крајот на полугодието ќе ги замениме улогите“.

„ Ништо не учите, висите по ќепабчибилници“.

„ Ти и ти со топката, сите тројца кај директорот“.

„ Ќе ве избркам сите и ќе работам со останатите“.

„ Искачајте сите надвор и ќе ве запишам како отсутни“.

„Фрлај ја мастиката во ѓубре, да не ја фрлам јас“.

„ Овде ти е напишано црно на бело со зелено“.

„Имам да им кажам нешто на некои од вас, но прво ќе го кажам на сите.”

„Одамна сум утврдила дека ви недостасуваат првите седум години, а на некои од вас и повеќе, па нема потреба да ме убедувате во тоа!”

„Ниту една  природна појава не може да ме запре да ви напишам отсуства!”

„Коњот, покрај сето друго, е и средство за задоволство …”

„Нацртајте кружница со форма на круг!”

„Во 1742 година, како што се сеќавам …”

- Реклама -