Чистење на одводот без опасни хемикалии

Неверојатно е што се може да се употреби за да се одзатне одводот.

Немојте да чекате одводот да биде целосно затнат за да се погрижите за него.

Квасец

Две пакетчиња жив квасец ќе го решат проблемот. Само пуштете го квасецот да тече низ одводот, почекајте малку, сипете и малку сол, а потоа додадете чаша врела вода. Оставете така 45 минути, па додадете уште една чаша врела вода.

Сода бикарбона и оцет

Оваа мешавина доведува до хемиски реакции кои можете да ги искористите за чистење на одводот. Односот сода бикарбона кон оцетот треба да биде 1:2. Кога ќе го сипете ова во одводот ќе започне да шушти, почекајте 10-тина минути, па измијте со топла вода. Ако водата и понатаму не тече нормално, повторете го целиот процес.

Течност за садови

Одводот во кујната веројатно создава проблем поради мастите кои се наталожуваат некаде низ цевката, а течноста за садови е направена да ја отстранува маснотијата. Сипете повеќе течност во одводот, а потоа повторно врела вода.

Сок од лимон и сода бикарбона

По ова вашиот одвод ќе биде функционален и миризлив, а притоа решението е многу оивеќе здраво за вас, за разлика од хемикалиите кои инаку се користат. Односот лимон и сода нека биде пола – пола, сипете во одводот, и пуштете неколку минути да се пени, пред да сипете врела вода.

Доколку ниту еден од овие начини не успее, веројатно е време да повикате водоинсталатер да го реши проблемот.

- Реклама -