Направи сам: Од штипка до мини-пиштол

СПОДЕЛЕТЕ

Со една штипка и со малку трпение, можете да си направите мини-играчка. Овој мини-пиштол може да испука чкорче или чечкалица на далечина од 6 метри!

Потребни ви се:

  • Штипка (дрвена, со метална пружина)
  • Лепило за дрво
  • Џебно ноже или сличен прибор
  • Ќибрит

Расклопете ја штипката, отстранувајќи ја металната пружина, а потоа свртете ги деловите грб со грб. Со ножето, издлабете цевка за муницијата од чкорчиња. Залепете ги двата дела со лепило за дрво. Откако лепакот ќе се засуши, вметнете го едниот крај од металната пружина во просторот помеѓу двата дрвени дела, а другиот крај поставете го во жлебот сместен на надворешната страна (како на видеото). Следно – наполнете ја муницијата и повлечете го „чкрапецот“.

Се разбира, не пукајте кон живи суштества. Има доволно простор за креативност и забава, без да повредите нешто/некој.

- Реклама -