Премногу млади за anti-age крема? Во 20-тите подобри се оние витаминските

Најдобра работа која луѓето во 20-тите и раните 30-тти можат да ја направат за кожата е да избегнуваат цигари, силно сонце и редовно да користат крема со заштитен фактор 30, предупредуваат дерматолозите.

Пушењето го успорува производството на колаген поради што кожата пука и се создаваат брчки. Во комбинација со зголемена изложеност на сонце, ризикот за создавање на брчки расте за 10 пати.

Со навремена контрола од штетните навики можете да ги минимализирате знаците на стареење во 40-тите и 50-тите години. Соодветната грижа ќе помогне во спречување на појавата на големите брчки и проширени крвни садови и губењето на еластичноста- тврди др. Џошуа Зеичер од Њујоршкиот Медицински центар Mt. Sinai.

Лошата страна на anti-age производите

Козметичките гиганти трдат дека anti-age препаратите промовираат обновување на клетките и го стимулира производството на колаген, но не постојат сигурни научни докази. Кога станува збор за нега на кожата, Американската агенција за храна и лекови не спроведува ригорозни тестирања како кај лековите.

Главните состојки на anti-age кремите, липозомите, веќе со првиот контакт со кожата се распрскуваат, потврдиле данските научници. Тие не се комплетни и не можат да навлезат во кожата и го стимулираат прозводрството на колаген кој дава еластичност, како што тврдат од козметичните компании.


Освен тоа во 20-тите години кожата лесно се обновува и не е потребна дополнителна помош. Аnti-age кремите можат да предизвикаат само иритација, да го зголемат лачењето на мастите и осетливоста на сонце.

Ретинол и избор на правилна крема

Наместо anti-age производите подобар избор се кремите и серумите на база на витамин Ц и Е, зелен чај, ниацинамид и алфа липоична киселина. Таквите хидратантни креми го минимизираат уништувањето на клетките на кожата кои го предизвикуваат сончевите зраци и секојдневното загадување.

Во 20-тите години освен кремите за сончање, помага и ретинолот кој ги намалува акните, визуелно ги намалува порите, го изедначува тенот на кожата и ја зајакнува. Тоа мора постепено да биде воведено во секојдневниот режим на заштита, бидејќи кожата се навикнува на тоа. Затоа, во првите недели од употребата се можни црвенило и сувост.

Но не се препоралува на бремени жени и доилки.

- Реклама -