Многу работи можат да се случат за 60 секунди

СПОДЕЛЕТЕ

Дактилографот може да изработи приближно 80 зборови, браќата Рајт можат да го остварат првиот  историски лет пет пати… И додека социјалните медиуми можат да создадат чувство дека интернетот е мал град, каде што сите се меѓусебно поврзани, реалноста во голема мера е токму спротивното.

Податоците пренесени на интернет секоја минута од неговите блиски 2.4 милијарди корисници, се огромни и неразбирливи.

Погледнете неколку  интересни факти за неверојатното количество податоци кои генерираат на интернет секоја минута.

Корисниците на електронската пошта испраќаат 204 милиони пораки.

Amazon генерира околу 83 000 долари продажба од онлајн трговија.

Корисниците на Apple симнуваат  48 000 апликации за мобилни уреди.

Кај социјалните мрежи корисниците на Facebook споделуваат  2,46 милиони нешта, било да е тоа слики, линкови и сл, а на Twitter се објавуваат 277 000 пораки.

Пребарувачот на Google добива 4 милиони пребарувања.

Корисниците на WhatsApp споделуваат 347 222 фотографии.

На  Instagram се појавуваат 216 000 нови фотографии.

Корисниците на Pandora слушаат 61 141 часа музика.

Корисниците на Skype се поврзуваат за 23. 300 часа.

- Реклама -