Како да се ослободите од лошиот здив?

СПОДЕЛЕТЕ

Ако имате проблеми со здивот, еве неколку едноставни и применливи решенија, освен ако не станува збор за сериозен здравствен проблем за кој сепак ви е потребна помош од стоматолог.

Одреден вид овошје и незасладен јогурт не се само ефективни кај отстранувањето на лошиот здив, туку можат и да го спречат.

Половина филџан јогурт го намалува нивото на хидроген-сулфидот (кој е причината за непријатниот здив) во устата. Бобинките и дињата, портокалот, кивито и сето останато овошје богато со витамин Ц, исто така ги отстранува бактериите од овој вид.

Крцкавите круши и моркови се исто така делотворни. Голем удел имаат влакната кои во комбинација со плунката ефективно ги отстрануваат честичките. Секако тука е и јаболката која како чистач на забите и освежувач на здивот го зазема првото место. Затоа започнете го и завршете го денот со јогурт и овошје!

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ