Мајка го помилувала убиецот на својот син, секунди пред да биде егзекутиран

Во духот на големиот христијански празник Велигден, ни стигнува една неверојатна вест од Иран.

Иранецот Балал се наоѓал на само неколку секунди од моментот кога требало да биде обесен, како казна за тоа што го прободел 18-годишниот Абдула Хозеинзадех до смрт, во улична тепачка.

Според иранскиот закон, казната требало да ја изврши семејството на жртвата, со тоа што ќе ја клоцнат столицата од под нозете на осуденикот, откако ќе му биде стегната јамката околу вратот.

Но, кога мајката на убиениот се доближила до „бината“, се случило нешто неверојатно. Таа демонстрирала неверојатна моќ на простување – му плеснала шлаканица на убиецот, а потоа му соопштила дека го помилуваат, додека таткото ја симнувал јамката од неговиот врат.

MDAweDE4OTYvODQweDUzMC9zMy5hbWF6b25hd3MuY29tL3BvbGljeW1pYy1pbWFnZXMvYjY5OTkxZDYzYWQ3Yjk0ZjgwMWJlMmRhZjU0YzYxOTUwOGNhZTFjYzYzYTU4YmE1OTQzMzI1OGIzZDRmZWNjNi5qcGc=[1]

„Јас сум верник“, вели ужалената мајка. „Имав сон во кој мојот син ми рече дека почива во мир и дека е на убаво место. После тоа, целото мое семејство се согласи да го помилуваме убиецот“.

Не е јасно што ќе се случи со осуденикот – семејствата на жртвите имаат право на збор само при извршување на смртната казна. Надвор од тоа, државата ја задржува моќта да одлучува за криминалците и да доделува затворски казни.

- Реклама -