Велигден низ светот: Обичаи и симболика

СПОДЕЛЕТЕ

Велигден е еден од најголемите Христијански празници, но сепак, дел од обичаите се нејасни за многумина. Зошто се фарбаат јајца? Зошто баш зајакот е животното што се грижи за украсените јајца? Како се слави низ светот?

 

ФАРБАЊЕ ЈАЈЦА

Фарбани јајца се пронајдени уште во праисториските гробови, а оваа традиција кај иранските народи трае веќе 2500 години.

Причината за фарбањето веројатно лежи во фактот што јајцата симболично се испишувале со магиски зборови и мотиви, за да се продлабочи симболиката на самото јајце. Со текот на времето, ова прераснало во забава за целото семејство, особено децата.

Во христијанството, украсените јајца се симбол на новото раѓање т.е Исусовото воскреснување. Интересно е што еден од најчестите мотиви на старословенските писанија била свастиката – универзален симбол на плодноста, симбол кој со времето целосно е заменет со украсните јајца.

rubber-band-easter-eggs[1]

ВЕЛИГДЕНСКИ ЗАЈАК

Велигденскиот зајак е исто така симбол на плодноста. Иако не се споменува во Библијата, зајакот добил улога на носач на кокошкините јајца. Причината веројатно лежи уште во антиката, кога заради брзината и честоста на размножувањето важел за свето животно и симбол за плодност, миленик на Афродита.

И кај англосаксонските народи, зајакот претставувал отелотворение на божицата на плодноста – Естра. Иако немал многу врска со Црквата, зајакот бил толку длабоко вткаен во народните обичаи, што истата го присвоила, а од 1960-та се споменува дури и во христијанските писанија.

yay-4901514-digital[1]

 

ОГАН

Еден од паганските обичаи што црквата ги прифатила е и палењето оган на Велигден, давајќи му ново значење – го симболизира воскреснувањето на Исус. Некогаш, жарот од благословените огнови се внесувал во домот, со што се обезбедувала среќа и благосостојба, а кај некои други поднебја, со него се одржувал куќниот оган, се до следниот Велигден.

yay-9358050-digital[1]

ВЕЛИГДЕН ШИРУМ СВЕТОТ

Во Северна Америка најпознат обичај е ловот на јајца. Родителите ги кријат, а потоа децата ги бараат, убедени дека велигденскиот зајак ги донел во текот на ноќта и ги скрил заедно со подароците.

Белгијците ги убедуваат своите деца дека јајцата се појавуваат кога бијат камбаните во Рим.

Во источна Холандија, во приквечерјето се палат велигденски огнови. Во околината на германскиот град Магдербург децата се плескаат по задникот за да се истера од нив непримерното однесување. Истиот обичај бил чест и во Шкотска, каде постои и изрека „Истепан како на Велигден“, што всушност значи дека за некоја беља сте добиле преблага казна.

Во Норвешка, на Велигден се решаваат убиства – на ТВ каналите се прикажуваат детективски филмови, списанијата објавуваат криминалистички приказни, а на пакуваното млеко се печатат приказни за нерешени убиства.

Во Финска и Шведска, исто како кај нас, се фарбаат јајца, но децата, облечени како вештерки, собираат слатки од врата на врата, во замена за украсени гранчиња од врба. Тоа е резултат на мешањето на традицијата на благословување на куќите со гранчиња, со скандинавската вештерска култура.

Во Бугарија и Романија, луѓето поставуваат брашно, квасец и јајца на прозорите, од кои на првиот ден Велигден се замесува леб. Лебот се благословува за да биде годината плодна.

 

Сеедно, каде и да сте, ако го славите празникот – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

- Реклама -