Започна изградбата на највисоката кула во светот

Највисоката зграда во светот, кулата Бурџ Калифа во Соединетите Арапски Емирати, наскоро би можела да ја изгуби оваа титула. Имено, во соседна Саудиска Арабија наредната недела би требало да започне изградбата на зграда која ќе биде висока околу 1000 метри.

За оваа кула наречена Кингдом Тауер, која би требало да биде изградена во градот Џеди, издвоени се 1.23 милијарди американски долари. Предвидено е кулата да има 200 катови и поглед кон Црвено Море.

Проценето е дека за нејзината изградба ќе бидат потребни околу 530.000 кубни метри бетон и 80.000 тони челик, пренесува „Saudi Gazette“.

Изградбата на волку висока кула, особено покрај брег каде морската вода може да ја оштети, представува предизвик. Проблемот со ударите од ветар е решен со обликот на зградата, кој се менува на секои неколку катови, изјавил архитектот Гордон Гил од фирмата „Adrian Smith + Gordon Gil“ која ја дизајнираше кулата.

Од оваа компанија воедно и изјавиле дека проектот иако изгледа многу амбициозно, сепак со сигурност е изводлив.

Бурџ Калифа која моментално се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди е висока 827 метри.

460271_profimedia0155052874_ff 460265_profimedia0155052750_ff 460266_profimedia0155052767_ff 460267_profimedia0155052782_ff 460268_profimedia0155052797_f 460269_profimedia0155052855_ff 460270_profimedia0155052886_ff

- Реклама -