Најубавите љубовни мисли од Габриел Гарсија Маркес

Гигантот на светската книжевност, добитникот на Нобеловата награда за литература – Габриел Гарсија Маркес почина вчера, во Мексико на возраст на 87 години.

Маркес се смета за најпознат писател на магичниот реализам, во кој се преплетуваат митови и магија со реалноста на секојдневната егзистенција. Во продолжение, проследете 13 животни фази, испреплетени низ неговите мисли и дела:

1. Те сакам не заради тоа што си, туку заради тоа што сум јас кога сум покрај тебе.

2. Ниту една личност не ги заслужува твоите солзи, а таа која ги заслужува нема никогаш да те расплаче.

3. Само заради тоа што некој не те сака онака како што ти би сакал, не значи дека не те сака со сето свое битие.

4. Вистинскиот пријател е оној кој те држи за раката, а го допира вашето срце.

5. Најлошиот начин да ти недостига некој, е да седиш веднаш до него, и да знаеш дека никогаш нема да го имаш.

6. Никогаш не престанувај да се смееш, дури и кога си тажен. Некој може да се заљуби во вашата насмевка.

7. Може да бидеш само обична личност во овој свет, но за некого ти си цел свет.

8. Не си го губи времето со некој на кого не му е грижа што го минува времето со тебе.

9. Можеби Бог сака да запознаеш многу погрешни луѓе пред да го запознаеш вистинскиот, и кога тоа ќе се случи, ќе му бидеш благодарна.

10. Не плачи зошто се завршило. Смеј се бидејќи се случило.

11. Секогаш ќе има луѓе кои ќе те повредат. Затоа продолжи да веруваш, но биди внимателен.

12. Не негодувај. Најдобрите работи доаѓаат тогаш кога не ги очекуваш.

13. Стани подобар човек и биди сигурен дека знаеш кој си, пред да запознаеш некоја нова личност надевајќи се дека таа ќе знае кој си ти.

- Реклама -