Екскурзија во светот на Game of Thrones

Американска туристичка агенција нуди екскурзија по стапките на локациите каде што е снимена  серијата “Игра на престоли” во Северна Ирска и Велика Британија.

Фановите на серијата имаат можност да направат и фотографии со костимите од филмот и да дознаат повеќе за тоа како старите ирски замоци и кули се претворени во имагинарни средновековни населби.

Северна Ирска е една од главните локации за снимање, меѓу Исланд и Хрватска. Покрај Белфаст, фановите  на „Игра на престоли” ќе  посетат и замок од 18 век, каде се снимени едни од главните сцени во првата и втората сезона. Ќе бидат откриени тајни  за специјалните ефекти, а туристите ќе можат самите да пробуваат да целат со лак исто како и нивните омилени ликови.

- Реклама -